Возило излетало од патот кај Студена Вода

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени откако возило излетало од  регионалниот пат Крушево-Кривогаштани вчера попладне, соопшти полицијата.

На 02.08.2023 во 17 часот било пријавено дека на регионалниот пат Крушево-Кривогаштани, на место викано „Студена вода“, патничко возило „алфа ромео“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(35) од селото Канатларци, Прилепско, излетало надвор од коловозот.

По несреќата во Општата болница Прилеп биле пренесени сопатниците Џ.С. (33) од Канатларци, која во болницата им подлегнала на повредите, и малолетен сопатник кој бил препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, но при транспортот починал, а смрт констатирал лекар.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца малолетни сопатници.

Share This Article
Exit mobile version