Водителката Мина Наумовиќ, девојката на српскиот водител Огњен Амиџиќ, која е во петтиот месец од бременоста, се огласи на Инстаграм и откри дека е жртва на насилство

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Водителката Мина Наумовиќ, девојката на српскиот водител Огњен Амиџиќ, која е во петтиот месец од бременоста, се огласи на Инстаграм и откри дека е жртва на насилство.

 

Имено, како што кажа и самата, со месеци добива негативни коментари од непознати.

– Со месеци ги трпам најлошите навреди и закани поради медиумска кампања (намерно го користам тој термин), при која се шират еден куп лаги и во која ме претставуваа како негативец. Молчев, затоа што така избрав – напиша Мина на својата инстаграм-приказна и продолжи:

– Во петтиот месец од бременоста повеќе не сакам и немам потреба да бидам изложена на тоа, барем не на мојот инстаграм-профил. Се скрив зад камерите и се повлеков од јавниот живот бидејќи ми треба приватност и мир во моментов.

– Ако сепак треба да седите на мојот профил, чекајќи да видите каде сум и што правам, направете го тоа во тишината на вашите темни ходници, бидејќи во спротивно нема да имате можност. Секој профил што ќе ми испрати нешто лошо ќе биде блокиран. Се разбира, имајте на ум дека тоа нема да ви ги реши проблемите или да ви ги плати сметките. Се најдобро“, напиша водителката.

Сега, само еден ден откако искрено ги сподели своите чувства, таа повторно проговори.

- Advertisement -

– Драги луѓе, добив грст љубов, добра намера и добра енергија од вас по вчерашната објава. Ви благодарам за тоа – искрена беше Мина.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version