Во Велика Британија пронајден нов вид на мајмунска сипаница

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нов вид на мајмунска сипаница е идентификуван во Велика Британија, објавија здравствените власти. Агенцијата за здравствена безбедност (УКХСА) соопшти дека лице кое неодамна било во Западна Африка било заразено со генетски различна варијанта на вирусот од онаа што ја предизвикала епидемијата во Велика Британија.

Засега се следат сите контакти со кои бил заболениот, за да се утврди дали има дополнителни инфекции. Засега не се знае дали лицето е машко или женско и колку години има, пишува Телеграф.

Постојат два генетски различни соеви на вирусот на мајмунска сипаница: централноафриканскиот вид, или како што сега се нарекува „Клејд I“ и западноафриканскиот вид, или „Клејд II“.

Сојот Конго Басен предизвикува потешка форма на болеста и има стапка на смртност од 10,6 проценти и се смета за полесно пренослива, додека западноафриканскиот вид е поблага варијанта, со стапка на смртност од 3,6 проценти.

Share This Article
Exit mobile version