Во Судскиот совет ем се прави ранг листа, ем се гласа!?

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Избрани се три нови судии во Граѓански суд Скопје – Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани, како и судијата Александар Шопов во Основниот суд Велес.

Ова е прв избор спроведен врз основа на методологијата, изработена согласно новиот закон за Судски совет.

На огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четворица судии за граѓанската област и 24 кандидати за четорица судии од кривичната област.

Претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев нагласи дека согласно новата методологија, процесот е сочинет од два дела при што едниот дел го спроведува Судскиот совет по однос на постигнатите резултати како квантитет по број на решени и укинати предмети, а другиот го спроведуваат самите судови.

Претседателот на Комисијата за оценување на кандидатите Селим Адеми информира дека согласно новата методологија е направена конечната ранг листа со кандидатите, по што членовите на Судскиот совет гласаа за секој кандидат, почнувајќи од прворангираниот.

Прворангираната судијка, на конечната ранг листа за судии од граѓанска област, Елизабета Настов од Граѓанскиот суд Скопје, со 77.3 бода, не беше избрана бидејќи на гласањето доби 6 гласа „за“ и 6 гласа „против”.

При гласањето, некои од членовите на Советот посочија дека се водат исклучиво од конечната ранг листа, додека некои елаборираа дека имаат задршка во однос на бодувањето и дека тоа нецелосно ги отсликува кандидатите, укажувајќи дека судиите кои се постојано ангажирани и работат добиваат помалку бодови, додека повеќе се ценат научни трудови и познавање јазик и други активности, поради што, како што посочија, можеби треба да се направи иницијатива за разгледување и измена на методологијата за оценување.

Долгиот временски перидот потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд, беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.

Денеска треба да се гласа и за четворица судии од кривична област во Апелациониот суд Скопје.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version