Во Шутка недостигале 13 затвореници, 12 се вратиле, еден го нема

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

При вонредна контрола на затворот Шукта на инспектори на Управата за санкции утврдени се низа нерегуларности. Од Управата за Телма велат дека дури 13 затвореници биле надвор од затворот и не биле затекнати во своите келии.

По извршени телефонски разговори со нив 12 од нив веднаш се вратиле во истражниот затвор, а еден затвореник е недостапен и за овој случај е информирано МВР.

Директорот на Управата, Александар Пандов, за Телма вели дека во иднина многу почесто ќе се вршат вакви контроли со цел да се стави ред во работењето.

Вели загрижува фактот што овие лица кои треба да издржуваат казна затвор, а не се во своите келии, може да бидат сторители и на други кривични дела и притоа да имаат алиби и да не одговараат за нив.

Додава дека ова не е прв ваков случај но дека ќе се постапува одлучно со цел ваквата пракса да се искорени.

Share This Article
Exit mobile version