Венко Филипче ја поднесе кандидатурата за лидер на СДСМ

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот министерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче денеска ја поднесе кандидатурата за лидер на СДСМ во седиштето на партијата.

Филипче посочи дека членството, резултатите ќе ги види многу рано истакнувајќи дека доколку биде избран, ќе биде достапен во секој еден момент.

– Овие изборни резултати партијата на некој начин ја клекнаа на колена. Некој го поставува прашањето дали СДСМ ќе опстои, а јас цврсто верувам дека не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија – нагласи Филипче.

Очекува голема поддршка од членството, а посочи дека во програмата која ја поднесува заедно со кандидатурата напишани се основните постулати по кои ќе работи, посветено, професионално и со целата своја енергија и знаење.

– Програмата се темели на информации, сугестии, барања кои ги слушнав од огромниот број на наши членови со кои имав чести средби два-три изминатите месеци. Тие јасно укажаа што е тоа што сакаат да се промени во партијата и токму тоа е ставено во таа програма. Партијата ќе работи целосно посветено и многу попрофесионално – рече тој.

По најавите, свои кандидатури денеска се очекува да поднесат и поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска и актуелниот директор на ТИРЗ Јован Деспотовски.

На прашањето дали има поддршка од поранешното раководство, вели дека слушнал многу коментари во врска со поддршката на Зоран Заев.

– Доколку бидам избран за претседател, јас за многу кратко време ќе докажам дека ќе владеам целосно со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев, пред се говори за мене. Јас имам одлични релации и со останатите други претседатели претходни на партијата, со други претходни функционери, и сметам дека тие добри релации се всушност еден од главните предуслови обединувањето да се случи многу брзо – рече Филипче.

Share This Article
Exit mobile version