Ужасот на италијанските кошаркарски ѕвезди: Паднал од балкон и скршил неколку пршлени

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле заработи тешка повреда за време на одморот во Палма де Мајорка, пренесуваат тамошните медиуми.

Џентиле (29) бил на одмор со својот брат Стефан. Италијанскиот кошаркар се повреди во вилата што ја изнајмил во познато шпанско одморалиште. Тој паднал од дрвена конструкција висока четири метри, која наеднаш се урнал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Џентиле при падот скршил неколку пршлени и итно бил префрлен во локална болница. Утре тој ќе биде транспортиран во Неапол каде ќе биде опериран.

„Само семејна несреќа. Ништо сериозно. Добро сум“, напиша Џентиле на социјалните мрежи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека кошаркарот го чека долга пауза.

Џентиле на почетокот на годината се пресели во Бриндизи, а пред тоа играше за Варезе, Естудијантес, Тренто, Виртус, Хапоел Ерусалим, Панатинаикос, Олимпија Милано и Бенетон Тревизо.

Share This Article
Exit mobile version