Унгарската режисерка Илдико Ењеди носител на наградата за особен придонес

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со врачување на наградата за особен придонес во филмската уметност на унгарската режисерка Илдико Ењеди и проекција на хрватскиот филм „Чичко” синоќа  беше отворено седмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, фестивал кој промовира први и втори филмски остварувања на авторите од целиот свет.

-Навистина сум трогната пред се поради доделената награда, а потоа и возбудена бидејќи ја добивам од Фестивал кој ги прикажува првите и вторите филмови. Првиот филм е секогаш нешто многу посебно во кариерата на режисерот. Се надевам дека ќе откриете прекрасни таленти и се восхитувам и ја почитувам силата и енергијата на фестивалот кој прави многу важна работа- ја слави првата работа на овие млади режисери – изјави Ењеди.

Фестивалот го отворија младите хрватски режисери Андрија Мардешиќ и Давид Капац, чиј филм „Чичко” е дел од главната натпреварувачка програма на Фестивалот.

-Чест ни е што во толкав голем број дојдовте вечерва. Ние филмот почнавме да го работиме во истата година кога се одржал и овој фестивал за прв пат. Пред седум години. Така што филмот и фестивалот се иста возраст. Два дена се дружиме со овие прекрасни луѓе и за нас ова е голема одговорност и голем предизвик што одлучивте да го прикажете нашиот филм на отворањето на Фестивалот. Вообичаено сите велат „уживајте во филмот”, но ние би сакале вечерва да ви кажеме „среќно”  –  рекоа Андрија и Давид отворајќи го фестивалот.

Улогите во „Чичко” ги толкуваат: Предраг Мики Манојловиќ (Predrag Miki Manojlović), Ивана Рошчиќ (Ivana Roščić), Горан Богдан (Goran Bogdan), Роко Сикавица (Roko Sikavica), Каја Шишмановиќ (Kaja Šišmanović)

Share This Article
Exit mobile version