Украинските сили го нападнаа штабот на руската платеничка група Вагнер

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинските сили го нападнаа штабот на руската платеничка група Вагнер, изјави прогонетиот гувернер на Луганск во источна Украина, пренесува Би-Би-Си. Серхиј Хајдај рече дека хотелот во кој се состанувала групата во Кадиевка, Луганск, претрпел „значителни загуби“ и очекува „најмалку 50%“ од преживеаните сили да загинат поради недостаток на медицински третман. Сепак, од Би-Би-Си не можеле да потврдат дека групата Вагнер била присутна во хотелот.

На Твитер се појавија снимки во кои се вели дека се работи за хотел-барака во Мелитопол и дека штабот бил погоден со граната.

 

Нападот врз „штабот на Вагнер“ на истокот се случува во време на понатамошни борби во јужна Украина. Озлогласената група под водство на „шефот на Путин“, Евгенија Пригожин е обвинета за погоелмиот број од злостортсвата во Украина, но и во Сирија, Либија, во Мали. Платениците од Вагнер играат клучна улога во војната.

Борбите беснееја и во текот на викендот во јужна Украина, а целта на Русија беше Одеса, а Украина бомбардираше цели во окупираниот град Мелитопол. Украинската војска во саботата соопшти дека соборила 10 дронови и дека уште пет погодиле енергетски објекти во пристанишниот град Одеса, оставајќи околу 1,5 милиони луѓе без струја.

Во меѓувреме, американскиот претседател Џо Бајден телефонску му рекол на Володимир Зеленски дека Вашингтон дава приоритет на напорите да помогне во зајакнувањето на украинскиот систем за воздушна одбрана.

Двајцата разговараа и за желбата на Зеленски за „ праведен мир “ со Русија „заснован на основните принципи содржани во Повелбата на ОН“, соопшти Белата куќа.

Share This Article
Exit mobile version