Украинскиот претседател сакаше да се обрати пред финалето, но доби експресно „не“

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинскиот претседател Владимир Зеленски нема да одржи говор во пресрет на големото финале од СП 2022, откако неговото барање било одбиено од страна на раководството на ФИФА.

Зеленски побарал од ФИФА да испрати „порака за мир во светот“ пред финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција, но тоа беше експресно одбиено. Американската телевизија Си-Ен-Ен ексклузивно пренесува дека ФИФА одлучила целосно да ја игнорира војната во Украина и дека како една од ретките организации не сака да меша политиката во финалето на спортскиот настан на годината и поради тоа, Зеленски е крајно разочаран.
– Мислевме дека ФИФА ќе ја искористи својата моќ за поголемо добро, но… – изјави извор од кабинетот на Володимир Зеленски, не криејќи го своето разочарување од одлуката на светската „куќа на фудбалот“ целосно да го игнорира претседателот на Украина со тоа што не дадоа официјално соопштение со надеж дека сето ова ќе можат да го сменат до финалниот натпревар закажан за в недела.

Наводно, Зеленски сакал да се вклучи преку видео-врска и да испрати порака до навивачите на стадионот „Лусаил“, како и до стотиците милиони оние покрај малите екрани, но тоа наиде на цврсто „не“ од Џани Инфантино.

Првиот човек на Украина вообичаено ги користи големите настани за преку видео-пораки да ја осуди руската инвазија на територијата на неговата земја, но и да побара помош од Западот во оваа војна. Тој имаше вакви обраќања на Греми наградите во САД, но филмскиот фестивал во Кан, а се надеваше на говор и пред дуелот Франција – Аргентина, но тоа нема да се случи.

Share This Article
Exit mobile version