Украина не прифаќа наметнат мир, говореше Зеленски во ОН

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Средбата која се очекуваше, меѓу поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави и украинскиот лидер Володимир Зеленски, има многу мали шанси да се одржи.

Украинскиот претседател денес го одржа говорот пред Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк, а потоа ќе одржи билатерални средби со претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис.

Трамп минатата недела изјави дека веројатно ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД. Но службеник на изборниот штаб на Трамп потврдил за Политико дека не е закажан состанок.

Зеленски во обраќањето на во ОН истакна дека неговата земја никогаш нема да прифати договор за мир наметнат однадвор и ги доведе во прашање мотивите на Кина и Бразил да ги поттикнат преговорите со Русија. Тој го отфрла притисокот за разговори со Русија од страна на надворешни нации.

– Украинците никогаш нема да прифатат – никогаш нема да прифатат – зошто некој во светот верува дека такво брутално колонијално минато, кое никому не му одговара денес, може да ѝ се наметне на Украина сега – рече тој во својот говор.
Според Зеленски, рускиот лидер Владимир Путин бара начини да го „скрши духот на Украина“, вклучително и преку таргетирање на енергетската инфраструктура на неговата земја со намерни руски напади врз украинските електрани и целата енергетска мрежа.

Претседателот на Украина вели дека неодамна добил извештај дека Путин планира да ги нападне нуклеарните централи и инфраструктурата во земјата. Зеленски предупредува дека секој напад со проектили или беспилотни летала или кој било критичен инцидент во енергетскиот систем на Украина може да доведе до „нуклеарна катастрофа“, додавајќи:

– Таков ден никогаш не смее да дојде… Тоа се нуклеарни централи. Тие мора да бидат безбедни.

Тој вели „не дај Боже, Русија предизвика нуклеарна катастрофа во една од нашите нуклеарни централи, радијацијата нема да ги почитува државните граници“.

Зеленски потсети дека украинскиот народ е тој што ги трпи последиците од руската војна – украинските деца се тие кои „учат да ги разликуваат звуците на различни видови артилерија и беспилотни летала“.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version