Угина најтажната слоница на светот

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Слоницата Мали која активистите за природата ја нарекоа „најтажната на светот“ угина откако поголемиот дел од животот го мина сама во својот ограден простор на Филипините.

Мали, која цели 42 години важела за главна ѕвезда на Зоолошката градина во Манила, била доста сакана, но и многу осамена, се вели. Активистите за заштита на животните од „ПЕТА“ долго време се бореа за неа, па дури и британскиот пејач – сер Пол Макартни побара од властите да ја преместат во област за слонови. Веста за угинувањето на слоницата на Фејсбук ја потврди градоначалничката на филипинскиот главен град, Хани Лакуна со видеообраќање. Таа додаде дека нејзините посети на Зоолошката градина кога била дете – се меѓу нејзините најубави спомени од детството.

Минатиот петок слоницата Мали е забележана како постојано ја трие својата сурла од ѕид, што укажува на болка. Потоа легнала на страна и тешко дишела. Ветеринарите ѝ дале антихистамини и витамини, но таа угинала по неколку часа.

Обдукцијата покажала дека Мали имала рак на неколку органи, како и затнување на аортата.

Просечниот животен век на слоновите е 60 години во дивината и 80 години во кафез.

Во 1981 година, Владата на Шри Ланка ѝ ја подарила Мали на поранешната прва дама на Филипините – Имелда Маркос. Слончето тогаш имало само 11 месеци.

Share This Article
Exit mobile version