Турска компанија е заинтересирана да инвестира во Македонија

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со претставници на компанија која што произведува и преработува лешник и кондиторски производи.

Се работи за компанија која што има годишен обрт од над 40 милиони долари и извезува свои производи во 30 земји во светот.

На средбата се зборуваше за големиот интерес за инвестиција во нашата земја.

Турските бизнисмени ја претставија својата бизнис инвестиција со посебен акцент во делот на откуп, производство и преработка на лешник со визија за да отворат фабрика за кондиторски производи.

Се разговараше за бенефициите, потенцијалот, но и за фактичката состојба за производство и продажба на лешник, откупна цена и соработка со македонските производители на лешник.

– Отвораме нови пазари за македонските земјоделци, заедно до стабилно и зголемено производство –  посочува Трипуновски.

Share This Article
Exit mobile version