Печката во „Еуроникел индустри“ ќе згасне, 800 вработени на улица?

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Синдикатотот на „Еуроникел Индустри“ втор пат за неколку недели алармира дека компанијата има струја само за денеска што го доведува во прашање работењето на печката која е во фаза на топло одржување.

– Имаме информација дека струја во комбинатот има уште за денеска, а од управата не знаат како да ја набават, бидејќи директорот со недели не се појавува на работното место. Од ГСОЛ ги нема да се појават веќе еден месец. Фабриката е напуштена. Ова ќе значи дека печката ќе треба да се исклучи, а за нејзино повторно вклучување ќе треба да се вложат дополнителни пари. Ако се исклучи и последната печка, тоа ќе значи отпуштање од работа за вработените. Што ќе прават 800 семејства? Кој ќе ни ги исплати платите? – прашува претседателот на синдикатот на „Еуроникел индустри“, Миле Ѓорѓиев.

Тој се надева дека државата ќе се заинтересира за случувањата во компанијата и ќе преземе некакви активности да не згасне и овој економски капацитет кој до неодамна работеше успешно отккао го надмина стечајот во 2019 година.
Работниците втор пат алармираат дека компанијата нема пари да ја плати струјата, а раководството не ги информира што се случува. Тие велат дека слушаат само шпекулации.

Минатиот месец од компанијата, која подолг период не комуницира со медиумите, соопштија дека влегуваат во процес на одржување на производството.

„Клучниот клиент предизвикува доцнење. ‘ArrowMetals & Trading’, главниот снабдувач на руда и фероникел клиент на Еуроникел ги одложи плаќањата, ги намали или целосно ги измени нарачките без претходна најава. Не ни е јасно дали тоа е затоа што ‘ArrowMetals се наоѓа во тешка финансиска состојба или пак целта е да го купи Еуроникел за многу помала вредност“, соопшти компанијата.

Состојбата во „Еуроникел Индустри“ се актуализира последниве месеци откако вработените протестираа за спас на компанијата и побараа да им се исплатат платите.

Share This Article
Exit mobile version