Трамп го најави своето доаѓање пред судот

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во пресрет на неговото пристигнување пред федералниот суд во Вашингтон каде што денеска ќе се изјасни за обвинението со кое се товари за обиди за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година, изјави дека му е чест што е уапсен.

„Одам во Вашингтон за да ме уапсат поради испрашување за корумпираните, наместени и украдени избори. Почестен сум затоа што ќе ме уапсат поради вас. Ајде да ја направиме Америка повторно голема!“ порача Трамп на својата платформа на социјалните мрежи.

Неколку часа пред доаѓањето на поранешниот претседател Доналд Трамп за да му биде предочено обвинение за попречување мирен трансфер на власта по претседателските избори во 2020 година, зградата на федералниот суд во Вашингтон е строго обезбедена од полицијата.

Во престолнината засега е мирно со засилени безбедносни мерки.

Федералната судска зграда е добро позната на набљудувачите, новинарите, но и на судиите, обвинетите, адвокатите и сведоците – овде досега беа судени над 1,000 подржувачи на Трамп кои на 6 јануари 2021 година насилно упаднаа во американскиот Капитол,  по повикот да се запре потврдата на изборната победа на претседателот Џо Бајден.

Членови на американската служба на маршали, агенти од тајната служа, полицијата на округ Колумбија и федерални безбедносни служби можат да бидат забележани околу безбедносните огради поставени пред зградата.

Градската полиција на округот Колумбија се грижи за безбедноста во округот, додека тајната служба на САД е задолжена за заштита на поранешниот претседател, а службата на маршали се грижи за безбедноста во судската зграда.

За заштита од насилни демонстрации и преминување на безбедносната бариера поставени се возила за чистење снег.

Конвојот на Трамп во моментов од Бедминистер, Њу Џерси тргна во правец на аеродоромот во Њујорк и се очекува да пристигне во Вашингтон пред 16 часот по источноамериканско време. Експретседателот треба да се појави пред судијата некаде после 16 часот.

- Advertisement -

Безбедносната ситуација во градот е строго конролирана како и за време на судското рочиште во Флорида, откако беше обвинет за незаконско отуѓување на строго доверливи документи, иако нема толкава раздвиженост и толку многу подржувачи како на задржувањето на Трамп во Њујорк.

Објевно неделава во вторникот, федералното обвинение против Трампе е под четири точки:

Заговор за измама на Соединетите Држави. Заговор за попречување на официјална постапка. Попречување на и обид за попречување на официјална постапка. Заговор против права на избирачите.

- Advertisement -

Доналд Трамп се соочува со 78 тужби во три одделни дела за кои би можел да добие високи затворски казни. Според Политико, ако биде прогласен за винован под сите точки, и осуден на максиум рок, поранешниот претседател на САД се соочува со затворски казна во траење од вкупно 641 година.

Share This Article
Exit mobile version