Трагичната судбина на подморницата Титан предупредува за опасностите

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот капетан на британската кралска морнарица, Рајан Ремзи, предупреди на „огромните ризици“ што ги носи се позачестениот екстравагантен туризам пред сѐ поврзани со непридржувањето кон прописите, особено кога станува збор за изградба на подморници. Во случајот на трагичната судбина на подморницата Титан, тоа невнимание резултираше со смрт на пет лица.

Ремзи верува дека се случила една од двете работи: или заштрафениот капак што се користел за запечатување на екипажот однадвор претрпел дефект што предизвикал колапс на трупот на подморницата , или трупот на подморницата имал дефект кој под притисок пукнал, предизвикувајќи го истиот резултат.

Ремзи за Скај њуз го коментира и „невообичаениот“ дизајн на подморницата Титан.

– Не би отишол толку далеку да кажам дека дизајнот е непромислен. Но, игнорирањето на стандардните начини за изградба на овие типови подморници во потрагата по иновации носи огромни ризици, и во овој случај тој ризик резултираше со губење на животот, изјави поранешниот капетан во британската кралска морнарица.

Ремзи, кој беше капетан на нуклеарната подморница ХМС Турбулент, верува дека индустријата најверојатно ќе ги заостри регулативите и ќе ги затвори можните „правни дупки“ што постоеја во случајот Титан. Тој нагласи дека од овој случај мора да се извлечат поуки, особено кога станува збор за безбедноста на подморниците.

Поранешен поморски офицер предвидува дека туризмот на длабоко море ќе еволуира по загубата на Титан.

– Целата поморска активност носи ризици бидејќи морето е непредвидливо. Подморниците оперираат на места помалку истражени од вселената, нешто покомплексно од вселенски брод. Оваа форма на екстремен туризам веројатно ќе биде ограничена во оваа конкретна област, ​​рече Ремзи.

Тој изрази сочувство до семејствата на луѓето кои загинаа во оваа трагедија и апелираше да се прекинат посетите на потонатиот брод Титаник.

– Титаник е гроб и треба да се остави на мир, порача поранешниот британски капетан.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version