Топлотен бран во Европа: Соборени повеќе јунски рекорди

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Интензивните горештини во поголемиот дел од Европа предизвикаа јунски температурни рекорди од Арктичкиот круг сè до Северна Африка.

Силниот топлотен бран предизвика значително зголемување на температурите над просекот за јуни во многу земји, во некои случаи и до 20 степени.

Во средата Норвешка забележа температура од 32,5 степени Целзиусови во Банак, наводно највисоката температура досега забележана внатре во Арктичкиот круг во Европа. Тоа е и значително повисоко од јунскиот просек од 13 Целзиусови степени.

Во Полска во понеделникот температурата достигна околу 35 степени Целзиусови, а во делови од источна Германија измерени 37 на повеќе локации.

Јунските температурни рекорди беа срушени во Словенија и Хрватска, додека во Босна и Херцеговина температурата беше за 0,2 степени Целзиусови пониска од јунскиот рекорд од 41 Целзиусов.

Екстремните горештини се проширија во Северна Африка. Температурите во Тунис во понеделникот го израмнија месечниот рекорд од 48,7 степени Целзиусови.

Од друга страна, Европа ја зафатија и грмотевици кои предизвикаа разорен одрон во јужна Австрија, при што едно лице загина. Поплавени се куќи и патишта во Корушка.

Во останатиот дел од неделата се очекуваат нови грмежи придружени со град и засилен ветер.

Share This Article
Exit mobile version