Трамп се сретна со Нетанјаху

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и ја пофали нивната врска, а во исто време ја прозва американската потпретседателка Камала Харис за навредливи коментари за војната во Газа. Нетанјаху се состана со Трамп, републиканскиот кандидат во претседателската трка во САД, еден ден по разговорите со демократскиот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис, која ќе се натпреваруваат против Трамп на претседателските избори на 5 ноември.

Трамп ги пречека Нетанјаху и неговата сопруга Сара во одморалиштето Мар-а-Лаго на Флорида. На средбата Трамп ја критикувана Харис, која по средбата со израелскиот лидер изрази загриженост за палестинските цивилни жртви во израелската воена кампања во Газа.

– Мислам дека нејзините забелешки се навредливи – рече Трамп.

Нетанјаху рече дека се надева оти неговото патување во САД ќе доведе до побрз договор за прекин на огнот.

– Се надевам дека е така. Но, мислам дека времето ќе покаже – изјави Нетанјаху на новинарите.

Нетанјаху го налути Трамп кога му честиташе на Бајден за неговата победа над него на изборите во 2020 година. Тој неодамна го критикуваше Нетанјаху за израелските безбедносни пропусти што му дозволија на Хамас да изврши напад врз Израел на 7 октомври, што беше поттик за израелската офанзива во Газа.

Трамп сега отфрли каква било сугестија за тензии со Нетанјаху.

– Имаме многу добри односи – рече Трамп укажувајќи на промените во политиката за време на неговото претседателство, вклучително и преместување на американската амбасада од Тел Авив во Ерусалим и повлекување на САД од меѓународниот нуклеарен договор со Иран.

Според анкетите, Харис и Трамп се во мртва трка за Белата куќа, што ги натера светските лидери како Нетанјаху, традиционално полојални на републиканците на Трамп отколку на демократите на Бајден, да постигнат рамнотежа во односите со САД.

Share This Article
Exit mobile version