Судиите поротници нема да работат се додека не добијат хонорар за декември

By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Судиите поротници го стопираа вршењето на својата функција затоа што немаат земено хонорари за месец декември.

Тие преку соопштение известија дека независниот синдикат на судии поротници во повеќе наврати барал од Судскиот совет, Министерот за правда, како и самите судови да ги разгледаат нивните барања за подобрување на условите за работа на судиите поротници.

НО КАКО И ДО СЕГА ТИЕ ВЕЛАТ ДЕКА СЕ ТРЕТИРАНИ КАКО ПОСЛЕДНА ИНСТАНЦА ВО СУДОТ ИАКО ИСТИТЕ СЕ СО ОДЛУЧУВАЧКА МОЌ КАКО И САМИТЕ СУДИИ, СЕ ВЕЛИ ВО НИВНАТА РЕАКЦИЈА.

Додаваат и дека за бараното покачувањена нивните плати воопшто и не се говори иако Судски Совет ги задолжи судовите да достават податоци за да се изготви проекција за измена на износите.

Share This Article
Exit mobile version