Српска актерка откри дека Бред Пит ѝ се јавувал додека бил во брак со холивудската ѕвезда

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Brad Pitt remet un César d'honneur lors de la 48ème cérémonie des César à l'Olympia à Paris le 24 février 2023. © JB Autissier / Panoramic / Bestimage Brad Pitt presents an honorary César at the 48th César ceremony at the Olympia in Paris on february 24th 2023,Image: 758980665, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Холивудскиот актер Бред Пит е познат како голем заводник, а иако зад себе има два брака, со актерките Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, тој очигледно немал проблем да им се додворува на другите жени дури и кога бил во брак.

Дека не му било проблем да им се додворува на девојки дури и кога бил во брак со актерката Анџелина Џоли, откри Дајана Гудиќ.

Српската актерка Дајана Гудиќ, која со години гради актерска кариера во Америка, откри дека Бред ѝ  пишувал, па ги кажала деталите.

Имено, Дајана во емисијата „Амиџи шоу“ требало да одговори на прашањето кој од српските актери ѝ е привлечен, но токму поради Бред Пит тоа не можела да го направи.

– Знаеш, не можам да одговорам на ова прашање, бидејќи секогаш кога некоја убава жена ќе каже кој ѝ е убав од познатите личности, тој ѝ се јавува преку Инстаграм – изјавила Дајана, по што признала дека Бред Пит ѝ пишувал:

– Ме прашаа кој од познатите личности ми е убав, јас реков Бред Пит… Па ти сега извади од контекстот, но јас не одговорив на пораката, бидејќи тогаш имав момче, тој имаше сопруга.

Инаку, Дајана претходно се најде во српските медиуми кога се дозна дека се дружи со холивудскиот заводник, актерот Леонардо Дикаприо, а сега призна дека тој, сепак, никогаш не ѝ се додворувал.

– Кога првпат се запознавме… Што да ти кажам, не, не на тој начин. Тој ми даде комплимент, јас му дадов комплимент, но секогаш бевме пријатели, подобро се совпаѓаме како пријатели – рекла таа.

 

- Advertisement -

Share This Article
Exit mobile version