Средношколци цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.

„Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин“, информира МНР.

Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.

„Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: globalsos@mfa.gov.mk ; како и информациите на нашиот веб“, се наведува во соопштенито од МНР.

Share This Article
Exit mobile version