Шер раскина со 40 години помладото момче

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Музичката дива Шер (76) ја прекина врската со 40 години помладото момче, Александер Едвардс, јавуваат странските медиуми.

Извор за ТМЗ рекол дека пејачката и раперот ја прекинале врската пред неколку недели, но причината за тоа не е откриена.

Поранешниот пар поттикна гласини дека се свршени во декември 2022 година, кога Шер сподели фотографија од огромен дијамантски прстен вреден 250.000 долари. Меѓутоа, изворот  за ТМЗ тврди дека Шер и Едвардс никогаш всушност не биле свршени.

Последен пат, парот беше заедно виден на црвениот тепих во март, во пресрет на модната ревија на „Версаче“ во „Пацифик дизајн центар“ во Холивуд. Тоа беше воедно и нивното прво појавување на црвениот тепих, а младиот музички продуцент и пејачката се бакнаа пред присутните и се чинеше како помеѓу нив да цветаат рози.

Во текот на гостувањето во „Шоуто на Кели Кралксон“ во декември, Шер проговори за нивната врска.

„На хартија тоа е смешно, но во реалниот живот добро се согласуваме. Тој е фантастичен, а јас на мажи не им припишувам квалитети кои не ги заслужуваат. Паметен е, драг, талентиран и забавен. А и прилично е згоден“, изјави тогаш Шер.

За потсетување, пејачката зад себе има два брака. Таа ги има синовите Чез Боно (53) со покојниот сопруг Сони Боно и Елајџа Блу Алман (46) со покојниот поранешен сопруг Грег Алман.

Едвардс го има синот Слеш со Амбер Роуз.

Share This Article
Exit mobile version