Се завитка во знаме и почна да го слави медалот на ЕП, а потоа се случи шок (ВИДЕО)

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Европското првенство во атлетика започна овој петок во Рим, а првиот ден видовме необичен исход во трката на 20 километри во брзо одење.

Шпанката Лаура Гарсија Каро во неверојатен и по шокантен исход остана без бронзениот медал кој веќе го славеше.

Во последните неколку десетици метри Гарсија Каро влезе со значителна предност пред спортистката зад неа, беше толку сигурна што не можеше да ја претекне, па се зави во шпанското знаме.

Сакаше така да стигне до целта, но премногу се опушти и тоа го искористи украинската репрезентативка Људмила Ољановска која ја престигна и ја освои бронзата.

Изразот на лицето на Гарсија Каро кажуваше се, таа не можеше да поверува што и се случи.

 

 

Share This Article
Exit mobile version