Се раководиме од контроли и анализи, тврди премиерот Ковачевски

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Нема никаква селективност во разрешувањето на директорите во јавното здравство, а и во иднина кадровските прашања ќе се решаваат според анализите и податоците добиени од контролите за работата на менаџерите што ги спроведува Министерството за здравство – изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, во врска со смените и оставките што неодамна ги поднесоа директорите на универзитетските клиники за детски болести и за радиотерапија и онкологија.

– Не постои никаква селективност бидејќи, колку што знам на Детската клиника покрај тоа што оставка си поднесе директорката, беше разрешен и економскиот директор. Врз основа на извештаите што ги има министерот за здравство, дел од директорите решиле да се повлечат, а еден бил разрешен. Министерот продолжува во рамки на својата надлежност да ја врши работата и ќе видиме во натамошниот период, согласно со анализите што ќе ги добијат, какви чекори во однос на кадровските прашања ќе бидат преземени. Јас не би прејудицирал ништо, но сметам дека тоа што беше направено е во согласност со она што како податоци го имаа самите директори и Министерството за здрвство – изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на ГОБ „8-Ми Септември”.

Ресорниот министер Беким Сали рече дека во прва фаза се испитуваат финансиските неправилности во исплатата на платите на директорите.
– Од дел од директорите, кај кои се забележаа одредени неправилности, беше побарано да се повлечат и морам да изразам благодарност дека тука имаше разбирање и се согласија на самоволно повлекување од функцијата, што е многу добар показател за свесноста на еден менаџер да ја прифати грешката која е направена во континуитет – изјави Сали.
Тој порача дека контролите од страна на Фондот за здравство продолжуваат и оти ниту една јавна здравствена установа нема да биде исклучена од нив.
– Во прва фаза сме на контрола на финансиска неправилност при распределба на плати на директори, на менаџерите само, затоа што, кога би навлегле во целокупното работење на институциите, тоа би траело подолг период. Во прва фаза се само менаџерите според Колективниот договор, дали се почитувал, дали има злоупотреба во делот на правото на дежурство имајќи во предвид дека дежурството на директори е дадено како можност, а не како обврска за оние директори каде нема доволно кадар за пружање услуга во континуитет. Опслужувањето 24/7 бара број на кадар што е спремен за пружање квалитетна услуга кон пациентот – појасни Сали.
На негово барање пред една недела поднесоа оставки директорите на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова и на Клиниката за радиотерапија и онкологија Никола Васев, а исто така беше разрешен и организацискиот директор на Универзитетската клиника за детски болести, Аљајдин Мемеди.

Share This Article
Exit mobile version