Русија го прифати американското барање за средба меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.
Тој рече дека Вашингтон очекува разговорите да се одржат во наредните денови.
Блинкен додаде дека ќе го искористи планираниот повик за да го притисне Лавров да одговори на „значајната понуда“ од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден до Москва за да обезбеди ослободување на американските државјани – кошаркарката Бритни Гринер и маринецот Пол Вилан – кои се затворени во Русија.
Како што јави Си-Ен-Ен, по неколкумесечна внатрешна дебата, администрацијата на Бајден понудила размена на рускиот дилер со оружје Виктор Бут, кој отслужува 25-годишна затворска казна во САД, за Гринер и Вилан.