Рускиот претседател можеби ќе се обрати виртуелно

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владимир Путин нема да присуствува на самитот на Г-20 следната недела на Бали, изјавија денеска од руската амбасада во Индонезија, отфрлајќи ја натамошната неизвесност околу плановите на рускиот лидер, пренесоа француските медиуми

-Можам да потврдам дека руската делегација на Г20 ќе ја предводи министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Програмата на претседателот Путин уште се утврдува, можеби тој ќе учествува виртуелно – изјави Јулија Томска, директорка за протокол во руската Амбасада во Индонезија.

Руските медиуми јавија дека Путин би можел да им се обрати на учесниците на самитот преку видео врска.

Оваа вест доаѓа по неколкумесечна неизвесност во врска со пристигнувањето на рускиот претседател на состанокот на самитот на Г-20 организиран од Индонезија на 15 и 16 ноември.

Сергеј Лавров претходно го напушти состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во јули на Бали, по критиките од неколку колеги за руската инвазија на Украина.

Индонезија беше под силен притисок од Западот да ја исклучи Русија од самитот поради војната во Украина. Но, земјите од Југоисточна Азија се одлучија за независна политика од големите блокови и нагласија дека земјата домаќин мора да биде неутрална.

Индонезискиот претседател Џоко Видодо во август изјави дека Владимир Путин ја прифатил неговата покана за самитот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија земја не е членка на Г-20, исто така доби покана за состанокот и ќе може да зборува преку видео врска. Зеленски минатата недела предупреди дека нема да учествува на самитот доколку Путин биде присутен.

Индонезија го потврди доаѓањето на 17 светски лидери, меѓу кои и на Си Џинпинг и Џо Бајден.

- Advertisement -

Самитот се одржува во екот на повеќекратни кризи низ светот, како војната во Украина, загриженоста за светската економија поради долгорочната инфлација и последиците од климатските промени.

Share This Article
Exit mobile version