Руската војска соопшти дека спречила диверзии на границата

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руската војска денеска соопшти дека војници и граничари спречиле група за „диверзивно извидување“ да ја пробие руската граница од украинска територија и дека пет лица се убиени, јавија француските медиуми.

Украина го отфрли извештајот, нарекувајќи го лажни вести, и рече дека немало присутни украински сили во регионот Ростов каде што се тврди дека се случил инцидентот.

Руската војска додаде дека се уништени украински вооружени возила. Инцидентот се случил во момент на екстремна тензија меѓу двете земји.

Русија продолжува да ги негира изјавите на САД и нивните сојузници дека може да ја нападне Украина во секое време.

Европската унија засега нема да воведува санкции кон Русија, изјави денеска шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, отфрлајќи ги повиците на Киев за санкции за да се спречи војна, наместо да се воведат санкции по евентуална инвазија.

Западните земји стравуваат дека концентрацијата на руски војници долж границата со Украина е вовед во инвазијата, која Москва ја отфрла.

Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници порачаа дека ќе воведат остри санкции кон Москва во случај на напад врз Украина, а Киев бара итно да се воведат санкции.

– Чекаме одлуки. Ние веруваме дека постојат добри и легитимни причини да се воведат барем дел од санкциите сега за да се покаже дека Европската Унија е подготвена да дејствува, а не само да зборува за санкции – изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Брисел пред да се обрати на редовниот состанок на европските министри за надворешни работи.

Министрите на ЕУ го поддржаа пакетот финансиска помош од 1,2 милијарди долари за Украина, најавен минатиот месец, а исто така начелно се согласија со долгогодишното барање на Украина да испрати мала мисија воени инструктори.

Share This Article
Exit mobile version