Русија и Белорусија исфрлени од СП

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Извршниот комитет на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (ИИХФ) донесе одлука репрезентациите на Франција и Австрија да настапат на местото на Русија и Белорусија на Светското првенство, чиј домаќин од 13 до 29 мај ќе биде Финска.

Франција ќе ја замени Русија во групата А, во која покрај бранителот на титулата Канада, се и репрезентациите на Германија, Швајцарија, Словачка, Данска, Казахстан и Италија.

За Французите ова ќе биде прв настап во Елитната група од 2019 година.

Австрија на местото на Белорусија ќе биде сместена во групата Б, заедно со домаќинот Финска, Шведска, САД, Летонија, Норвешка и Велика Британија.

Групата A ќе се игра во Хелсинки, а групата Б во Тампере.

Share This Article
Exit mobile version