Сиљановска-Давкова: Се молам до крајот на денот да заврне дожд оти „Републиката е во пламен“

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова за време на денешната посета на манастирот „Свети Прохор Пчински“ рече дека се моли до крајот на денот да заврне дожд оти „Републиката е во пламен“.

Таа алудираше на пожарите кои изминатиот период беснеат на повеќе локации на територијата на државата и во лие локализирање и гаснење покрај македонските помагаат и екипи од странство, меѓу кои од соседна Србија.

– Кога веќе беше споменат денот, да, ова не е само најважниот или празникот над празниците за нас, бидејќи тоа е денот на создавањето на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, денеска говорев за тоа, но исто така важно и заради Свети Илија. Јас денеска се молам, велам дека веројатно моето присуство во овој прекрасен објект сигурно ќе ни помогне на крајот на денот да заврне дожд оти Републиката е во пламен. Така што уште еднаш да изразам голема благодарност за помошта во гаснењето на пожарите“, рече Сиљановска-Давкова по билатералната средба со нејзиниот српски колега Александар Вучиќ.

Овој дел од изјавата на Сиљановска-Давкова е по четвртата минута од видеото.

Share This Article
Exit mobile version