Путин за прв пат не го употреби терминот „специјална операција“!

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот го употреби зборот „војна“ во врска со конфликтот во Украина, за прв пат јавно отстапувајќи од претходната фраза „специјална воена операција“ за да ја опише 10-месечната инвазија на Украина.

– Нашата цел не е да го продолжиме воениот конфликт, туку напротив, да ставиме крај на оваа војна – изјави Путин за новинарите во Москва, каде што присуствуваше на седницата на Државниот совет за младинска политика.

– Работевме на тоа и ќе продолжиме да работиме на тоа и во иднина – рече тој.

Критичарите на Путин велат дека употребата на зборот „војна“ за опишување на конфликтот во Украина е практично нелегален во Русија од март. Навистина, Путин го потпиша законот за цензура, според кој ширењето „лажни“ информации за инвазијата е кривично дело, казниво со затворска казна до 15 години. Затоа употребата на зборот војна од страна на Путин не остана незабележана.

Никита Јуферев, општински пратеник од Санкт Петербург, кој избега од Русија поради неговото противење на војната, во четвртокот рече дека веќе побарал од руските власти да го гонат Путин за „ширење лажни информации за војската“.

– Указот за завршување на специјалната воена операција сѐ уште не е усвоен, војната не е објавена – напиша Јуферев на Твитер.

– Неколку илјади луѓе веќе се осудени за такви зборови за војната – предупредуваат критичарите на Путин.

Американски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека забелешката на Путин најверојатно не била намерна и најверојатно била лапсус. Официјалните лица сега внимателно ќе следат што ќе кажат луѓето во Кремљ за ова во наредните денови.

Share This Article
Exit mobile version