Простор од 750 квадратни метри од Клиниката за токсикологија ќе биде реновиран и трансформиран во Ургентен интернистички тријажен центар, со пари од Комерцијална банка и на „Алкалоид“

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Простор од 750 квадратни метри од Клиниката за токсикологија ќе биде реновиран и трансформиран во Ургентен интернистички тријажен центар, со пари од Комерцијална банка и на „Алкалоид“, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Донацијата од Комерцијална банка изнесува 235.000 евра, а од „Алкалоид“ 233.673 евра, или вкупно 468.673 евра.

Договорот за донацијата министерот го потпиша со Маја Стевкова-Штериева, финасова директорка во Комерцијална банка и Владо Индов, директор во „Алкалоид“.

Министерот рече дека Тријажниот центар ќе биде прв контакт за прием на пациентите, каде во зависност од состојбата ќе може да останат до 48 часа, а понатаму ќе бидат препратени или на некоја од Интерните клиники или ќе бидат пуштени дома.

Центарот ќе биде опремен со апарати за интензивна и полуинтензивна нега, компјутерска томографија, рентген и ендоскопија.

Се очекува Центарот да биде готов за неколку месеци.

Share This Article
Exit mobile version