Постои реален ризик од вооружен судир во Европа

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Генералниот секретар на ОН, Јенс Столтенберг, денеска повторно предупреди на „реалниот ризик од нов вооружен конфликт во Европа“, за време на посетата на клучната воена база на Алијансата во Романија.

– Бројот на руски војници расте како што се скратуваат роковите за предупредување – рече Столтенберг во базата „Михаил Когалничан“, во југоисточниот дел на Романија, во време кога Западот ја обвинува Москва дека подготвува воен напад врз Украина.

Илјадници американски војници испратени како засилување од Вашингтон, во текот на денот треба да пристигнат за да го зајакнат источното крило на Алијансата.

Столтенберг додаде дека се можни и други сценарија освен инвазија на Украина, наведувајќи за обиди за соборување на владата во Киев или хибридни кибер напади.

– Истовремено нема безбедност и затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија на деескалација и на политички дијалог со НАТО – рече Столтенберг на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис.

Укажувајќи на „загриженоста“ на НАТО поради концентрацијата на војници и руската заканувачка реторика, тој го наведе единството на сојузниците и нивната решеност да реагираат.

– Затоа е толку важно присуството на трупите на НАТО во Романија – рече Столтенберг, кој ја поздрави подготвеноста на Франција да учествува во идните тактички сили во Романија, земја која граничи со Украина.

Романскиот претседател ја осуди руската „стратегија на заплашување“.

– Поминуваме низ најтешката криза од падот на железната завеса – изјави Јоханис.

- Advertisement -
Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply Cancel reply

Exit mobile version