Поради повреда Шпанецот нема да настапи на Австралија Опен

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рафаел Надал поради повреда ќе го пропушти Австралија Опен. Шпанецот и неговите фанови со нетрпение го очекуваа враќањето на големите турнири, но Надал на турнирот во Бризбејн кој требаше да биде подготовка одново се соочи со проблем.

По скоро една година пауза Надал се врати во Бризбејн и победи на два меча со одлична игра, но во четвртфиналето повторно се соочи со проблеми со повреда и беше елиминиран.
Преку социјалните мрежи сега потврди дека нема да биде подготовен за настап во Мелбурн.

„Здраво на сите, за време на мојот последен меч во Брисбејн имав мал проблем со мускул кој како што знаете ме загрижи. Кога дојдов во Мелбурн имав шанса да направам магнетна резонанца и имам микро кинење на мускулот, не е истиот дел каде што бев повреден и тоа се добри вести. Сега не сум подготвен да се натпреварувам на максимално ниво на мечеви во пет сета. Летам назад во Шпанија да го видам мојот доктор, да добијам некој третман и да се одморам“, објави Надал.

Share This Article
Exit mobile version