Полициски службеници од СВР Куманово уапсиле тетовец и кумановец

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу пладне ги уапсиле М.Ј.(27) од Тетово и Ш.Ш.(46) од Куманово. Тие се сомничат дека изминатите два дена извршиле повеќе кривични дела, соопшти МВР.

„На 04.09.2023 во Градски парк во Куманово физички нападнале вработени во Јавно претпријатие „Чистота и зеленило” и им се заканиле со остар предмет. Истиот ден, М.Ј. и Ш.Ш. влегле во угостителски објект на улицата „11 Октомври” во Куманово и одзеле чанта. Додека, на 03.09.2023 се обиделе да одземат чанта од угостителски објект на улицата „Гоце Делчев” во Куманово. Исто така, кога биле приведени во полициска станица се обиделе со остар предмет да нападнат полициски службеници. Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“ – се вели во полицискиот билтен.

Share This Article
Exit mobile version