Полицијата го блокираше градот и јавниот превоз, три лица загинаа

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британските медиуми пренесуваат дека градот Нотингем е блокиран поради „сериозен инцидент“, па поради тоа полицијата ги повика граѓаните да ги избегнуваат блокирани места.

„Патиштата ќе бидат блокирани извесно време, полицијата е на местото на настанот“, известија полицијата.

Во центарот на градот е поставен голем полициски кордон, блокиран е и јавниот превоз.

На полицијата и помагаат и пожарникарите.

 

Во соопштението, началникот на полицијата во Нотингемшир, полицаецот Кејт Мејнел рече: „Ова е ужасен и трагичен инцидент кој ги однесе животите на три лица. Веруваме дека сите три инциденти се поврзани и имаме еден човек во притвор“.

„Оваа истрага е во рана фаза и тим детективи работи на утврдување што точно се случило. Ја молиме јавноста да биде трпелива додека продолжуваат истрагите“, додаваат од полицијата.

 

Како што пишува Би-Би-Си, 31-годишен маж е уапсен под сомнение за убиство, откако рано утрото три лица биле пронајдени мртви во центарот на Нотингем, соопшти полицијата во Нотингемшир.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version