Почнати се 8 инвестиции кои треба да вработат 2.900 луѓе

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

За неполни 6 месеци се отпочнати, завршени со преговори и ставени камен темелници на  8 нови инвестиции во вредност повисока од 700 милиони евра и кои ќе вработат вкупно 2.800 македонски граѓани, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, по седницата на Советот на  странските инвеститори.

– Овие инвестиции директно придонесуваат за поттикнување на растот како и поттикнување на локалниот економски развој. Целта ни е да стигнеме до 1 милијарда странски директни инвестиции– рече Мицкоски.

Мицкоски поединечно ги наброја инвестициите.

-Минатата недела официјално започна изградбата на фабриката за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering” во ТИРЗ Кичево.Во изминатите шест месеци се реализираа и други нови странски инвестиции како таа којашто ја отпочнавме на почетокот на нашиот мандат, на „Алказар Енерџи” за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци, потоа, инвестицијата на „Епсотех” за изградба на развојно истражувачки центар, инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек”, тоа го договараме уште при нашата посета во САД. Тука имаме мало усогласување, коешто треба во законодавството да се направи којшто ќе следи во периодот којшто е пред нас и таа инвестиција се надевам дека наскоро денеска, ќе ја отпочнеме со реализација и поставување камен темелник. Станува збор за 35 милиони евра.Пптпа, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија „BMZ Group” во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања, инвестицијата на „Брејнчајд”,на „Костел”. Најавивме инвестиција во периодот што следи од 50-тина милиони евра и нови 250 вработувања.Потоа инвестицијата на „АД БАУ Интернационал”, – како и инвестицијата, којашто веќе ја споменав на „Avesta Battery and Energy Engineering”.Овие инвестиции директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на земјата, како и поттикнување на локалниот економски развој -рече Мицкоски.

Тој информира дека на состанокот со Странските инвеститори се разговарало и за усогласување на глобалниот минимален данок од 5% кој инвеститорите треба да го уплатуваат во земјава.

– Разговаравме за единствената давачка за која во моментов размислуваме, давачката која треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок. Мислам дека е фер и коректно за македонските граѓани, оние компании кои тука реализираат профит, оние 5%о повеќе од рамниот данок од 10% да ги уплатат во нашиот Буџет – рече Мицкоски.

Тој рече дека не се заборавени и  домашните инвестиции. Потсети дека наскоро од денеска на македонските компании ќе им бидат ставени на располагање 250-те милиони евра од унгарскиот кредит.

Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо дека се изненади што владата работи на забелешките кои тие ѝ ги посочиле во септември.

Во однос на глобалниот данок рече дека со него ќе бидат зафатени 50 компании странски инвестиции во земјава.

- Advertisement -

– Ќе мора таа регулатива да се адаптира со глобалната – рече тој.

Мизо и информира дека на денешниот состанок во Владата станало збор и за усогласување на царинските стапки и дополнителната хармонизација со царините во ЕУ, за Законот за странци, за добивање работни дозволи, дозволи за престој и дигитализација на тој процес, како и за воспоставување на глобалните меѓународните сметководствени стандарди. Сите тие биле содржани во барањата на странските инвеститори од септември.

Со реализацијата на барањата, како што рече се придонесува за подобрување на климата за инвестирање.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version