Пецаков вели дека се работи на проблемите во Охрид, хотелите ќе се отворат напролет

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Спроведувањето на дело од препораките на УНЕСКО за Охрид би чинело колку буџет за една ипол година на градот, вели градоначалникот Кирил Пецаков за МИА. Тој сепак вели дека има одлична соработка со институциите и дека се работи чекор по чекор. Се работи и на изградбата на депнија во Новаци.

Во однос на проблемот со дивоградбите во крајбрежниот појас и националниот парк „Галичица“ Пецаков вели дека е потребно да заврши изработката на регистарот за дивоградби и да се донесе генерален урбанистички план, во кој треба да се вклопат дел од споменатите објекти.

– ГУП-от очигледно е најголемиот проблем на Охрид и генерирањето на овие дивоградби, бидејќи конечната бројка што ќе ја добиеме како дивоградби во Охрид не се однесува за згради, туку најчесто се семејни куќи и куќарки, дури и многу далеку од центарот на градот. Затоа е битно да се види што е тоа што може да се вклопи – рече Пецаков.

На охриѓани и оние кои ова лето планираат да го посетат охридското крајбрежје им вети дека ќе направи се да уживаат на уредени плажи, онакви какви што му доликува на Охрид.

Во моментот, поголемите хотелски капацитети на охридско-струшкото крајбрежје се затворени. Дел од вработените во туристичкиот сектор користат годишен одмор, а останатите седат дома и примаат 70 проценти плата, потврди претстедателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески.

Една од причините, кои доведоа до ставање клуч на врата од јануари до средината на март, според него, се високите сметки за електрична енергија и трошоците во месеците кога интересот за хотелските услуги е минимален.

– Сите вработени се на платен список. Повеќето користат годишен одмор, земаат цела плата, ќе влезат некој ден во минус кој ќе го одработат понатаму. Се работи за вработени кои работеле многу години во секторот – информира Блажески.

Повотрно отворање најави за средината на март, кога почнува сезоната на семинари, а потоа од април се очекуваат и првите туристи од Полска, Холандија….

Интересот за летување на охридското крајбрежје, посочи дека е ист како и претходните години, но очекува подобра туристичка сезона од минатата, кога имаше ковид- пандемија.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version