Откако Гаспром им ја сопре, преодната влада посакува обновување на испораката

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Гаспром не му дал одговор на бугарското Министерство за енергетика дали можат да започнат преговори за обновување на испораките на природен гас, објави ТВ Еуроњуз Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерот за енергетика Росен Христов најави дека Бугарија до крајот на вчерашниот ден очекувала одговор од Гаспром, но засега не добила.

Преодната влада на земјата очекуваше руската компанија да именува лице со кое Бугарија би можела да преговара. Денеска имаше протести пред бугарското Министерство за енергетика во Софија, каде претставници на граѓанското здружение Борец на влезот го исцртаа знакот Z со кој се изјаснија против преговорите меѓу Бугарија и Гаспром.

Иван Георгиев од „Борец“ побарал средба со вршителот на должноста министер за енергетика на Бугарија Росен Христов, но од обезбедувањето на зградата не му било дозволено да влезе. Георгиев го дефинираше Министерството за енергетика како министерство на Гаспром. Тој коментира дека Румен Радев, Бојко Борисов и Галаб Донев треба да ја сносат одговорноста пред својот господар од Кремљ за дадените ветувања и додаде дека нема да дозволат Гаспром да и постави стапица на Бугарија. Протестот пред зградата на бугарската Влада ќе остане до утре, кога ќе се одржи состанокот на преодната влада.

Цените на гасот за септември во Бугарија ќе се зголемат за 17 отсто, бидејќи проценетата цена на природниот гас во земјара е 350 лева (175 евра), најави извршниот директор на државната компанија Булгаргаз Деница Златева. Зголемувањето на цената се должи на зголемениот берзански индекс.

Булгаргаз, според Златева, го исполнува договорот со Гаспром, секој ден испраќа барања за испорака на гас, но добива потврда за нула количини за следниот ден од руска страна. Таа рече дека разговорите се на политичко ниво. Булгаргаз го исполнува само постоечкиот договор, така што Бугарија не може да биде обвинета дека не го испочитувала договорот со Гаспром. Обезбедени се количините гас за Бугарија за септември. Бугарија во октомври ќе добие еден од танкерите со американски течен гас договорен од поранешната влада на Кирил Петков. Исто така, распишан е тендер за добивање гас од гасниот центар „Балкан“, коментира Златева.

Share This Article
Exit mobile version