Осми патник Беким Сали во нов криминал ,сега во фамозно „Македонско имплантолошко здружение“,среќа што нема здружение за пресадување на мозок!!!

By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот Беким Сали присуствувал и отворал симпозиум на непостоечко здружение и истото го објавил на официјалната страна на Министерството за здравство, велат од Иницијативата „Стоматолози обединете се“.

Викендов министерот за здравство Беким Сали -„Мали Бујар“во својство на „трет патник“во хотел „Мериот“ се појавува како клучна фигура на некаков симпозиум во организација на непостоечо „Македонско имплантолошко здружение„ кое патем никаде во ЦРМ нема регистрација . Од објавата на официјалната страна на Министерството за здравтсво, се гледа дека министерот „Мали Бујар -Осми патник“ Сали бил присутен и го отворил симпозиумот,но во кое својство залутаниот „трет патник“ се појавува во официјализирање на нешто непостојно?! Симпозиумот бил акредитиран од Стоматолошката комора, каде што еден од условите за акредитација на едукативен настан согласно процедурата пропишана во Правилникот за стручнa едукација, КСУ (континуирано стоматолошко усовршување) Службен весник бр. 217 од 2020 година на којшто Правилник Министерот дава согласност иако е експлицитно пропишано во членот 24 ,дека здруженијата мора да бидат регистрирани и да поседуваат тековна состојба од Централниот регистар на РСМ !?

Отворено прашуваме која е улогата на осмиот патник Беким Сали во понатамошните игри кој ги приредува во Стоматолошката Комора, повеќе од се ако се знае дека котизаццијата за присуство на фамозниот семинар во висина од 2000 до 3000 денари се уплатувале на сметка на приватна фирма која е во сопственост на фамозно здружение ДДДММ од Куманово во кое здружение  еден од сопствениците и потписник на жиро сметката е токму  претседателот на стоматолошката комора д-р Марјан Денковски од Куманово.

Осми патник и среќна нова 49-та

 

Share This Article
Exit mobile version