Османи: Буџаку се сели во Канада, а Фрчкоски во Њујорк

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека се утврдени предлозите за амбасадори на земјава во Бугарија, Канада и во ООН.

-По добиените агремани и потпишаниот указ од страна на претседателот Пендаровски, сакам да информирам дека се утврдени следните предлози за амбасадори: Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Организацијата на Обединетите нации. Со ова, бројот на пополнети места – амбасадори и генерални конзули, во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, за време на мојот мандат се зголеми на 24 – објави Османи на неговиот официјален фејсбук профил.

Процесот на пополнување на испразнетите амбасадорски места, додава во објавата Османи, ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Министерството за надворешни работи.

Share This Article
Exit mobile version