Орбан: Никогаш нема да војуваме против Русија

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Унгарија под актуелната влада никогаш нема да војува против Русија, ниту ќе дозволи да биде вовлечена во украинскиот конфликт, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

За време на гостувањето во радио станицата „Кошут“ тој ја коментираше неодамнешната изјава на градоначалникот на Будимпешта, Гергеј Корачоњ, кој рече дека „Унгарија веќе е во војна со Русија“.

„Ако некој кажува такви работи и не мрда, таа личност едноставно не е во здрав ум“, рече Орбан.

Според него, „ниту еден здрав човек, кој слушнал за Втората светска војна, не може да си дозволи такви изјави“, пренесе ТАСС.

„Се додека оваа влада е на власт, Унгарија нема да војува против Русија“, нагласи Орбан.

Орбан постојано повторува дека водечките земји на ЕУ и другите членки се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во војната во Украина и ја повикуваат Будимпешта да почне да го снабдува Киев со оружје, но дека неговата земја е на страната на мирот.

Од почетокот на конфликтот, Унгарија ги повикува Русија и Украина да прогласат прекин на огнот и да започнат мировни преговори.

Share This Article
Exit mobile version