Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра

By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк.

И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар.

Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од годинава достигна дури 490.740.000 евра што е за 82.000.000 евра повеќе во однос на состојбата на крајот од декември. Новите податоци од Министерството за финансии покажуваат дека за само три месеци доспеаните а неплатени обврски ги зголемиле Јавните претпријатија и државните фирми, општинските Јавни претпријатија, јавните здравствени установи, министерствата, агенциите.

Конкретно доспеаните а неплатени обврски на ЈП на централно ниво и државните АД и фирми на крајот од март достигнале износ од 235,4 милиони евра што е за дури 69 милиони евра повеќе во однос на состојбата на крајот од 2023 година. Општинските ЈП во првиот квартал од годинава пријавиле доспеан долг во износ од 76,7 милион евра или 700.000 евра повеќе во однос на последниот квартал од лани.

Јавните здравствени установи, болници, клиники, во првите три месеци од оваа година имале вкупен доспеан а неплатен долг во износ од 73 милиони евра што е за 11,7 милиони евра повеќе во однос на состојбата со долгот на крајот од 2023-та година. Буџетските корисници од прва линија во кои спаѓаат и министерствата, на крајот од март пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 12,6 милиони евра што е за 261.000 евра повеќе во однос на состојбата во последниот квартал од 2023 та.

Споредбената анализа на „Порталб“ покажува дека има драматичен раст на доспеаните а неплатени обврски по основ на „други градежни работи“ односно во март долгот достигнал скоро 55,3 милиони евра што е за 26,2 милиони евра зголемување за само три месеци.

На крајот од третиот квартал во однос на состојбата на крајот на декември лани доспеаните а неплатени обврски се зголемени по повеќе основи: за комунални услуги, греење, транспорт обврските достигнаа 119,5 милиони евра, за материјали и ситен инвентар 65,8 милиони евра, за договорни услуги долговите достигнаа 49,3 милиони евра а значајно се зголемени и долговите по основ на „субвенции за јавните претпријатија“ кои на крајот од март достигнаа износ од 62 000 евра додека износот што се должи по основ на „трансфери до невладини организации“ се приближи до 500 000 евра. На новата должничка листа во „првите десет“ влегоа и ЈП за државни патишта со пријавени доспеани а неплатени обврски во износ од 20,2 милиони евра, ЕСМ снабдување со долг од 11,8 милиони евра и АД Елем со должнички износ од 15,5 милиони евра.

Новите податоци за внатрешниот долг покажуваат дека сите општини заедно го намалиле долгот но, поединечно, дел од општините само за три месеци пријавиле значајно зголемени неплатени обврски за што Порталб ќе објави податоци во следната анализа.

Share This Article
Exit mobile version