Околу 60-70% од учениците се сведоци на незаслужени оценки

By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Родителите да не бараат „врски“ за оценки, туку децата сами треба да си ги заслужат, апелира денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Билјана Ивановска во рамки на кампањата „Бидете херои на чесноста“ која денеска продолжи во ОУ „Братство“.

– Во досегашните анкети децата беа многу искрени и искажаа дека повеќе од половината, околу 60-70 проценти кажаа дека се сведоци на незаслужени оценки, а причината за тоа е поради тоа што родителите барале „врски“. Апелот треба да биде до сите, не само до децата, тука се и родителите од дома и наставниците од училиште. Родителите се тие кои треба да воспитуваат, наставниците треба да образуваат и не треба да има мешање на едното и другото. Кога детето веќе е дадено во училиште треба да се има доверба во просветните работници кои даваат сѐ од себе за тоа дете да биде како што треба образувано. Не треба да имаат перцепција дека треба да се потпрат на родителите, и тоа им е еден одговор дека помош секогаш бараат од родителите. Треба самите да се борат со свое знаење и со своја умешност а не со помош на родителите да ги добиваат оценките – изјави Ивановска.

Таа се надева дека преку оваа кампања со која сакаат да испратат порака за транспарентност и интегритет ќе се зголеми свеста кај децата за корупција.

– Без интегритет не може никој да има борба против корупција, па ниту и дечињата. Перцепцијата е дека родителите бараат врски. И тоа е поразително. Мора да работиме на тоа, не е важно да бидат сите со петки, затоа има оценка од 1 до 5, важно е оценката да биде нивна, заслужена и да се стекнат со знаење – нагласи Ивановска.

Директорката на ОУ „Братство“ Јадранка Поповски истакна дека учениците стануваат сѐ повеќе свесни и нагласи оти родителите треба да имаат целосна доверба дека нивните деца се во сигурни и безбедни раце и дека наставниот кадар како и стручната служба умеат да го извлечат најдоброто од нивните деца.

– Ние овде работиме со иднината на нашето општество – рече Поповски.

За поедноставно спроведување на кампањата, ДКСК ангажира и глумци кои се многу познати на ученици и кои на свој начин треба да им ги предочат проблемите со кои се соочува нашето општество, да им укажат како на полесен начин да ги препознаваат и да ги следат позитивните, а не негативните примери.

Кампањата започна на 16 мај, а претходно се спроведе во ОУ „Патр Поп Арсов“ и во ОУ „Коле Неделковски“.

Share This Article
Exit mobile version