Одмазда за нападот во кој загинаа тројца Израелци

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди уривање на куќите на двајцата терористи кои се одговорни за терористичкиот напад во Ерусалим, во кој загинаа тројца Израелци, како и апсење на оние кои ги поддржуваат

Палестинската милитантна организација Хамас ги пофали своите борци во соопштение со кое ја презеде одговорноста за нападот.

Напаѓачите се убиени. Едниот имал 30, а другиот 38 години. Станува збор за двајца браќа Мурад Мухамед Нимр (38) и Ибрахим Мухамед Нимр (30), кои претходно биле во затвор поради терористички активности. Тие живееле во предградието Сур Бахер во Источен Ерусалим.

На 7 октомври Хамас изврши серија терористички акции во Израел, во кои имаше повеќе од 1.200 мртви, по што израелската војска почна масовна воена офанзива на појасот Газа со над 11.300 загинати Палестинци.

Share This Article
Exit mobile version