Одбојкарките од Струмица Никоб го продолжуват купот на ЦЕВ

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Одбојкарите на Струмица Никоб ги продолжуваат европските настапи во Купот на ЦЕВ. Синоќа не успеја во вториот натпревар од Лигата на шампионите на ЦЕВ против холандскиот шампион Динамо Апелдорн да обезбедат пласман во второто коло, иако ја анулираа предноста од првиот меч, но не успеја да го освојат„златниот сет“ и да продолжат понатаму.

– Покажавме дека имаме екипа за високи дострели. Успеавме да направиме пресврт по водството на гостите од 1:0 во сетови и да поведеме со 3:1. Сепак, во петтиот, „златен сет“, направивме повеќе грешки, а клучно беше при резултат 9:9 кога гостите поведоа со 11:9, што беше решавачко. Се надевам дека во следните настапи во Купот на ЦЕВ ќе ги оправдаме очекувањата и резултатски многу подобро ќе поминеме – изјави тренерот на Струмица Никоб, Кирил Ричлиев.

На 14 октомври, во рамки на Купот на ЦЕВ, струмичани ќе ја пречекаат екипата на Мурсија од Осиек, Хрватска, а реваншот е 7 дена подоцна.

Share This Article
Exit mobile version