Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека 7 години недомаќински се работело

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Граѓаните плаќаат скапа струја поради недомаќинското работење на претходната влада на СДСМ и ДУИ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Од партијата велат дека СДСМ и ДУИ за свои лукративни интереси го уништиле енергетскиот сектор.

„Дека тоа е така може да се споредат сумите во различни периоди. На пример, во 2017 година кога со ЕСМ раководеше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски просечната цена за еден мегават час електрична енергија беше 33 евра, а сега истата изнесува 133 евра за мегават-час.

Освен ова, во периодот кога премиерот Мицкоски управувал со ЕСМ, производната цена за електрична енергија се намалила за 25% во однос на претходната.

Ова само покажува одговорно и домаќинско работење, што не е случај со изминатото седумгодишно раководство кое мислело на само на свои бизнис и лукративни интереси.

И со секоја следна година од доаѓањето на власт на СДСM и ДУИ, цената на произведената електрична енергија по мегават-час постојано растеше, за годинава да достигне рекордни 133 евра.

Една од причините за енормниот раст на цената на струјата е неископот на јаглен и скапо увезениот јаглен. И тоа најверојатно се направило за да се им овозможи на одредени компании блиски до СДСM и ДУИ, да увезуваат јаглен и со тоа да остварат големи профити.

Бизнис интересот и лакомоста за големи профити на СДСM и ДУИ ги плаќаме сите ние, преку поскапа цена на струјата.

Можеби ќе треба време за да се намали цената на струјата, но преку посветено, одговорно и домаќинско работење на новото раководство на ЕСМ тоа ќе се постигне.

Набрзо од денес енергетскиот систем во Македонија ќе биде целосно консолидиран и вратен во нормална состојба, што ќе доведе и до пониски цени на електричната енергија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version