Нови 844 заразени во Македонија, 6 лица починаа

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на ковид-19.

Најмногу заразени има во Скопје, вкупно 374, а следуваат Kуманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија  – по 1.

Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 188 реинфекции, а воедно 815 пациенти од денеска се водат како оздравени.

Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72,76 и 83) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин се регистрирани три починати лица, од Тетово (85), Кавадарци (74) и од Охрид (70). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.123.580 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи изнесува 4.139.

Share This Article
Exit mobile version