Наградата „Златен венец“ ја однесе францускиот поет Жан Пјер Симеон

By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современата уметност во Скопје вечерва заврши 63. издание на Струшките вечери на поезијата, на кое учествуваа голем број странски и домашни поети.

– Вечерва во Музејот на современа уметност, од Струга ја носиме поезијата за да ве допре со убавина – рече Софиа Насевска-Трифуновска на самото отворање на манифестацијата.

Манифестацијата почна во четвртокот со традиционалното садење дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2024 истакнатиот француски поет и драматург, Жан Пјер Симеон. Константиновата „Т`га за југ“, првпат годинава беше прочитана од слепо лице со помош на Брајово писмо, во чест на годинашното мото на фестивалот „Допир на убавината“, со кое се оддава почит на иновацијата на Брајовото писмо. По што беше запален фестивалскиот оган и продолжи со поетското читање „Меридијани“.

Највисоките фестивалски признанија „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“, „Мостови на Струга“ и „Млада Струга“ беа врачени синоќа на манифестацијата „Мостови“ на францускиот поет Жан Пјер Симеон, македонската поетеса и книжевен теоретичар Катица Ќулавкова, германската писателка Катрин Пиц и младата поетеса Филипа Сара Попова.

Share This Article
Exit mobile version