На славниот актер му се заканува судење

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британскиот актер Бенедикт Камбербач (46) би можел наскоро да оди на судење во Барбадос поради робовладетелското минато на неговото семејство.

Странските медиуми пишуваат дека неговите предци имале плантажа со шеќерна трска токму на тој остров и каде што бунтовите на робовите биле сурово задушувани во крв.

Тамошната власт би можела да покрене истрага, а според наводите на медиумите, постапката е во „најрана фаза“.

Неименуван висок функционер во Барбадос не негира дека семејството Камбербач може да се соочи со барање за отштета поради историските врски со ропството на островот, пишува „Скај њуз“.

Робовладетелската приказна за неговото семејство започнала со неговиот седми предок, прадедо Џошуа Камбербач. Тој во 1728 година ја купил плантажата Клиленд во северот на Барбадос и започнал со тогаш профитабилното одгледување шеќерна трска.

На плантажата работеле 250 робови. Последните робови биле ослободени 105 години по купувањето на плантажата, кога Британската империја го укинала ропството. Парламентот во 1833 година го усвоил законот за укинување на ропството, кој ја укинал трговијата со луѓе и експлоатацијата во поголемиот дел од Британската империја.

Инаку, Бенедикт во со Оскар наградениот филм „Дванаесет години робство“ ја прифати улогата на робовласникот Вилијам Форд и самиот неколкупати зборуваше дека се срами од тој дел на семејната историја и дека му е многу жал поради целата ситуација.

Познат е по уловата во серијата „Шерлок Холмс“.

Во приватниот живот, актерот е активист против климатските промени и се бори за правата на луѓето и животните. Во април тој најави дека ќе обезбеди дом за семејство од Украина на неговиот имот во Велика Британија.

- Advertisement -
Share This Article
Exit mobile version