На подрачје на СВР Струмица откриени 11 лица кои вршеле јавен превоз без лиценца

By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
На 23.10.2023 полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија и ОВР Валандово на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово извршиле контрола на патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(35) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од село Баница, струмичко,  патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Х.К.(30) од Струмица,  патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од село Баница, струмичко, патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(33) од Струмица, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(35) од село Пиперево, општина Василево,   патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Баница, струмичко и патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(44) од село Доброшинци, општина Василево. При контролата било констатирано дека возачите со возилата вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Share This Article
Exit mobile version